Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ21 денеска го одби повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за ТВ-дуел за спорот со Бугарија.
Пет пати сум прифатил дуел, а сега причината е Бугарија. Треба да посветиме време на поконкретни работи. Сите знаат во што е суштината на проблемот, цела Европа заедно со САД знае. Ќе прифатам кога ќе има суштина за ТВ-дуел, рече Заев.
Според премиерот, само на Мицкоски му треба декларација за македонскиот јазик и македонскиот народ.
Ме обвинува дека правам предавствво. Па тогаш до сега требаше ветото да биде тргнато, додаде Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.