Нема никаков договор за тоа колакви ќе бидат процентите и бројките на етничките заедници во земјава, вели премиерот Зоран Заев додавајќи дека тој само ќе покаже колку сме.

Обврска на граѓаните, рече Заев, е да учествуваат на пописот, а податоците што ќе произлезат од него ќе ја покажат реалната слика. Тој во „Само интервју“ на Канал 5 тв истакна дека никој не може да прави претпоставки и да тврди однапред колку ќе бидат Македонците, колку Албанците, колку Србите…

Од вкрстување на базите со кои располагаме – на УЈП, МВР, ПИОМ, лични карти и пасоши на МВР, на МТСП… повеќе од 10 се такви бази се гледа колкави се бројките. Ќе бидеме толку колку што сме во државата и тоа е најважниот податок. Јас разговарав со првиот потпретседател на владата Артан Груби и му пренесов дека кога ќе оди во Албанија да се сретне со нашиот пратеник Македонец во албанскиот парламент и со другите граѓани што можат да бидат опфатени со пописот затоа што ние им служиме на сите, како што сум јас премиер на сите, така и првиот потпретседател на Владата е на сите и министерот за надворешни работи Бујар Османи е министер на сите. Разговарав со вицепремиерот и тој се согласи дека оставил таков впечаток и дека ќе го промени тоа и навистина го променија, рече премиерот Заев.

Во врска со попишувањето на дијаспората Заев смета дека е во ред да се направи пред се затоа што тоа е нашиот народ.

Ние со пописот ги попишуваме сите, а дури потоа се добива кое население е резидентно односно надвор од државата повеќе од 12 месеци, а кое е резидентно население е дома или надвор од државата помалку од 12 месеци, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.