Премиерот на Македонија, Зоран Заев на денешната прес-конференција говореше за измамата со руските комичари. Тој порача дека е во добро друштво, затоа што и Јенс Столтенберг и Реџеп Таип Ердоган но и уште многу државни функционери „паднале“ на оваа измама.
– Во овој случај мета сум јас. Жртва сум на мојата отвореност и достапност за сите, рече Заев.
Посочи дека дека жртви на такви измамнички разговори биле и францускиот претседател Емануел Макрон, поранешниот министер за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, музичарот Елтон Џон,…
„Јас станав еден од оние кои се измамени од добра структура. Манипулациите доаѓаат од медиуми и анти-нато пропаганда и дезинформации. Јас не сум единствен на ваква измама. Жртви биле и Јенс Столтенберг, Реџеп Таип Ердоган и многу други. Листата покажува дека сум во добро друштво. Јас искрено верував дека разговарам со претседателот на Украина“, истакна Заев.
На новинарската констатација дека останатите од неговото, како што тој го нарекува, „добро друштво“ после десетина до дваесет минути сфатиле дека се работи за измама, нему и на неговата протоколарна служба цела година не му била доволна да сфати дека се работи за лажни разговори, Заев не даде конкретен одговор, освен што повтори дека не гледа ниту негова одговорност, ниту одговорност на било кој од неговиот протокол, од неговите советници за меѓународниот срам што и е нанесен на нашата земја.
Заев најави дека во иднина ќе бидат зајакнати протоколите за безбедни комуникации, а Владата во соработка со партнетите од НАТО ќе изработи план за борба против акции за дезинформирање и манипулирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.