Денеска во СДСМ се одржуваат внатрепартиски избори за избирање на претседател на партијата, на кои се гласа само за еден кандидат – досегашниот претседател Зоран Заев.

Меѓу сите членови кои излегоа на гласање, својот глас „за“ или „против“ себе го даде и самиот Заев, кој во Струмица гласаше заедно со сопругата Зорица Заева.

Денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Cеверна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори.
Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија.
Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ, порача Заев на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.