Во купот закони со кои СДСМ го уценува одржувањето на изборите во април се и измените на Законот за опојни дроги. Овој закон Владата се обиде да го протне злоупотребувајќи го европското знаменце во екот на дебатата во ЕУ за доделување датум за преговори на Македонија.

Измените на Законот за опојни дроги се контроверзни во овој момент со оглед на процентот на учество на семејните бизниси на семејството Заеви во производството и трговијата со марихуана за медицински цели и масло од канабис.

Законот е во собраниска процедура и премиерот во заминување ја условува својата оставка со неговото изгласување.

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за опојни дроги, информираат од партијата.

Заев ќе се соочи со гневот на народот доколку продолжи насилно да се турка ова решение и да се злоупотребуваат изборите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.