Премиерот Зоран Заев одржа средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца по усвоениот извештај од страна на Владата за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на охридскиот регион. Во извештајот, како што посочи владиниот портпарол Муамед Хоџа на денешната прес-конференција, е опфатен и напредокот во спроведувањето на препораките од одлуката на Комитетот за светско наследство.
-Овој извештај ќе биде испратен до УНЕСКО од страна на нашата национална комисија за УНЕСКО најдоцна до следниот четврток, рече Хоџа.
Нагласи дека продолжува етапната предвремена исплата на пензиите за пензионерите, овој пат за февруарската пензија.
-Од 25 февруари први пензија ќе добијат пензионерите кои имаат пензија до 11.000 денари, а ден потоа ќе се изврши исплата на пензиите во висина од 11 до 14 илјади денари. Пензиите со висина од 14 до 18 илјади денари ќе се исплатат на 1 март, додека пензиите во последната категорија над 18 илјади денари ќе се исплатат на 2 март, рече Хоџа.
Информира дека започна имунизацијата против Ковид-19 во земјава и додаде дека 260 здравствени работници денеска ќе ја примат првата доза на вакцината
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.