Зоран Заев во функција на лидер на СДСМ ги повикал на состанок лидерите на двете опозициска албански партиии Алијанската за Албанците и движењето БЕСА – Зијадин Села и Билал Касами. Како што пренесува Алсат, Заев ги повикал за да им бара поддршка за Стево Пендаровски, пред вториот круг од изборите в недела.
Претседателскиот кандидат Блерим Река со помош на Алијансата за Албанците и БЕСА освои повеќе од 70.000 гласови во првиот круг од претседателските избори но отпадна од понатамошната трка, а сега Заев бара од двете партии да помогнат овие гласови да се пренасочат на контото на Пендаровски.
Покрај Села и Касами, на состанокот е поканет и Река кој по првиот круг од претседателски избори изјави:
Тоа се нивни гласови, а ние не тргуваме со гласовите на граѓаните.
Дека со гласовите нема да се тргува потенцираа и функционери од партиите кои го поддржаа Река, па очекувањата се дека во иста насока ќе бидат и партиските одлуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.