Премиерот, Зоран Заев на седницата во Собранието на која се гласа за заменици-министри ги предложи следните кандидати:
– Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана,
– Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,
– Димитар Ковачевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,
– Агим Нухиу, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,
– Илхан Рахман, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,
– Фатмире Исаки, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,
– Зоран Маневски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,
– Трајан Димковски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,
– Илир Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,
– Арафат Шабани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,
– Енвер Хусејин, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за труд и социјална политика,
– Зоран Димитровски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,
– Седат Сулејмани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за култура,
– Александар Бајдевски, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,
– Беким Реџепи, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски и
– Христина Оџаклиеска, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Заев на говорницата, им се обрати на пратениците истакнувајќи увереност дека предложените кандидати, совесно и со најголема посветеност и одговорност, ќе ги извршуваат своите работни обврски согласно законот и определбите на Владата за остварување на нејзината Програма и за остварување на стратешките интереси на Република Македонија од интерес на граѓаните.
Тој додаде дека со предлогот за избор на заменици-министри доставен до Собранието на Република Македонија се доставени и биографиите на предложените кандидати.
Со именувањето на замениците-министри во Владата, го комплетираме системот на ефикасни и силни институции со полн капацитет и легитимитет, кои ефикасно ќе работат во справувањето и надминување на последиците од пандемијата со Ковид-19, како еден од првите наши приоритети. Убеден сум дека со еднакво силен ангажман замениците-министри ќе се посветат и на остварувањето на останатите приоритети како што се создавањето услови за нов циклус на динамичен економски раст, одржлив развој, ефикасна правна држава и силни институции. Секако, максималнa посветеност очекуваме и во модерно образование, стабилно општество, внатрешна кохезија и сите други сегменти на општественото живеење – изјави Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.