Премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер, Еди Рама, упати критики кон ЕУ, затоа што не успеала да ја спречи блокадата од Бугарија.

Заев порача дека денес Европа има проблем, а проблемот е самата ЕУ.

Големата идеја за за обединета Европа има проблем. А, проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека не успеа да најде начин да ја обезбеди заслужената интеграција на Западен Балкан. Е, тоа е проблемот. Тоа што 26 членки не успеваат да спречат блокада од една земја членка, тоа е проблем на Европа предзикан од самата ЕУ. Но, ние не сме сами и нема да бидеме изолирани. Македонскиот и албанскиот народ имаат ист пат, иста визија и исти вредности, а тоа се европските вредности. Ние сме Европа без разлика дали ЕУ ќе успее да ги тргне блокадите или не. Нашите народи и Влади среде Балкан покажуваат европски манири. Тука сме со премиерот Рама за да најавиме дека ќе си ги зближиме уште повеќе народите – изјави Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.