Во изјава за медиумите денеска премиерот Заев рече дека веќе ги има имињата на функционерите коишто планира да ги предложи за испразнетите позиции по чистката во владата и во партијата.

Јас веќе разговарам со луѓе коишто треба да дојдат на позиции на оние места коишто ќе бидат променети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со нив за да можам да потврдам дека се нафаќаат, ја прифаќаат работата. Верувам дека ќе стигнам да ги објавам нивните имиња не подоцна од крајот на првата половина на јуни, изјави Заев.

Во овој контекст, Заев додаде дека процесот не влијаел врз односите со ДУИ. Во врска со првиот човек на Агенцијата за национална безбедност, Заев рече дека во наредните денови ќе се консултира со советници и експерти, додавајќи дека за него сѐ уште нема конкретно име.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.