Од ВМРО-ДПМНЕ бараат од институциите да реагираат и да ги најдат луѓето што има се закануваат на семејствата на жртвите од пожарот во тетовската Ковид болница.

Кој се заканува на семејствата на жртвите од несреќата од Тетово? Зошто ОЈО молчи?

Кој од власта има толкава моќ да се заканува по животот на луѓето чии членови на семејство изгубија живот во пожарот во Тетово? Кој се плаши да не излезе вистината на виделина? Во ситуација кога луѓе се заплашувани да не зборуваат станува јасно дека не може да имаме непристрасна и независна истрага – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека одговорните во хиерархиската одговорност треба да ги напуштат позициите.

Директно одговорните, како директорите на болницата, заменик министерот Илир Хасани и министерот Венко Филипче се луѓе кои по функција се вмешани во случајот, тие се по вертикала одговорни за болницата. Сите тие треба уште веднаш да заминат од своите позиции.

 

Само со Хасани и Филипче разрешени може да очекуваме непристрасна истрага.

 

Не може Заев да чека истрагата да заврши па да одлучи по однос на оставките, Хасани и Филипче имаат реална институционална моќ да влијаат врз истрагата.

 

Еве зошто Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата, и да запрат заканите кон семејствата на жртвите од Тетово притисок на власта.

 

Само доколку сите одговорни во случајот бидат разрешени ќе бидеме сигурни дека ќе има непристрасна истрага и тогаш евентуалните сведоци нема да бидат исплашени да ја кажат вистината – велат од ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.