Заев, Филипче и Хасани да си дадат оставки, само така ќе имаме непристрасна истрага која ќе даде одговор на сите прашања, на кои премиерот, министерот за здравство и неговиот заменик не сакаат да им го слушнат одговорот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува нивното соопштение:
Заев, Филипче и Хасани знаат, но постои опасност дека нема да сакаат да се дознае:
- Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
- Дали Министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
- Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
- Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
- Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
- Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
- Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
- Ако Одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
- Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
- Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?
Време е за одговори и одговорност. Време е за оставки од Заев, Филипче и Хасани, а потоа за независна и непристрасна истрага од која ќе се утврди вина. Со Заев, Филипче и Хасани на позиција постои опасност одговор на поставените прашања воопшто и да не добиеме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.