До крајот на април треба да имаме стигнато 350 000 вакцини во Македонија, а „Фајзер“ конечно го потврдил договорот за вкупно 800 000 вакцини, информираше премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на Канал 5.
До крајот на месецот треба да стигнат 200 000 од кинеските, 78 000 веќе имаме во државата. Очекуваме да стигнат уште 76 000 од Ковакс механизмот. 20-25.000 од вакцините од ЕУ, која вкупно ќе и даде на Македонија 100.000 вакцини. И ги чекаме следните пратки од „Спутник“ и „Фајзер“. „Фајзер“ го потврди конечно договорот, 80.000 до јуни, ќе стигнуваат по 10.000 почнувајќи од април – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.