Заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар кој е во прва официјална посета на земјава, на средбата во Владата бил придружуван од амбасадорката Кејт Мари Брнз.

На средбата со премиерот Зоран Заев, Ескобар изразил целосна поддршка на САД за изнаоѓање на заеднички прифатливи одговори за билатералните прашања меѓу македонија и Бугарија.

Како што соопштија од владината прес-служба, Заев на средбата го запознал Ескобарсо актуелната политичка состојба во земјата, нагласувајќи дека е обезбеден стабилен континуитет на стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Македонија во НАТО, за забрзување на интеграцијата на Македонија во ЕУ, за справувањето со пандемијата, за економскиот раст и особено за актуелното прашање за соодветен и ефикасен одговор на енергетската криза.

Ескобар, кој е во прва официјална посета на земјава, истакнал дека неговата посета на земјата има за цел да ја нагласи поддршката на САД, токму за овие прашања, како и за партнерскиот пристап што Македонија го покажува со прифаќањето на граѓаните од Авганистан и за активната улога за суштинско интензивирање на регионалната соработка преку иницијативата „Отворен Балкан“, се вели во соопштението на владината прес служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.