Зоран Заев им честиташе на политичките колеги oд иницијативата „Отворен Балкан“. Тој вели дека овој процес  е за доброто на регионот и оти постојат проблеми како на Балканот така и во ЕУ. Ова е негова последна и проштална посета бидејќи утре си ја поднесува оставката најавена уште на локалните избори во октомври,

– Успехот е видлив. Ви благодариме на сите кои учествувавте во овој процес.Направивте одлична работа. Не е лесно ниту во ЕУ, ниту на Балканот, но успеавме. Ова е автентична иницијатива која ги поканува сите земји од регионот. Отворениот Балкан не обединува и за мене тоа е доказ за големо пријателство. Балканот е отворен за доброто на сите луѓе – рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.