Лидерот на СДСМ Зоран Заев повторно е фатен во своите лаги откако по објавата на снимките на „Јутјуб“ канал се слушна како Заев го пцуе и навредува својот народ.

Исто така преку снимениот матерјал се дозна и дека Заев го контролирал студентското движење, слушнавме што мисли за шарените кои неуморно се бореа за „правдата“ на едно евро за Вицето.

Снимките го открија вистинско лице на Заев, односно што мисли за неговиот коалиционен партнер Ахемти. Албанците ја дознаа дволичната политика која ја води овој човек. Снимките се доказ дека Заев е едниствениот политичар што покрај тоа што рекетирал бизнисмени, рекетирал и политичари. Вистината не може да се сокрие, материјалите покажуваат дека Зоран Заев е тој што го менаџирал и прикривал криминалот.

Александар Митовски, уредникот на Инфомакс, кој ги објави разговорите вели дека има и повеќе материјали.

-Материјали има доста барем од она што го знам од свиркачот кој е заинтересиран да излезе на виделина вистинската вистина за Зоран Заев и вистинската вистина за Македонија. Иако Зоран Заев и неговите ПР-џии во моментов се обидуваат да го минимизираат ова на ниво на кафеански муабет и дека ова било во негова корист. Јас навистина не знам од каде му доаѓа тој сарказам и за каков човек практично се работи кога со сарказам гледа на работи кои се директни индиции за сериозен криминал. Тука не се работи можеби во овие за криминал со земање мито или корупција, но јасно може да се слушне дека се тргувало со влијание, се тргувало со нелегално прислушкувани материјали. Се рекетирале бинисмени, но се рекетирале и политичари како Али Ахмети – вели тој.

Сакајќи да наметне мислење дека бомбите се народски кажано, гола вода, Заев излезе со саркастичен статус на фејсбук, кој пак наиде на критика од јавноста.

После внимателно и детално размислување за тоа кој би бил мотивиран да ги пушти овие денешни разговори во јавност, конечно сфатив. Јасно е. Мора да е или Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата. Мора да е некој од нив двајца. Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови, пишува Заев.

После ваквиот статус на поранешниот премиер реагираше Жанета Трајкоска од Институтот за комуникации. Таа на фејсбук напиша:

Многу се надевам дека до после ќе излезете и ќе кажете дека профилот е хакиран и некој пишувал сешто.

Со овој пост само што посипавте пепел на се што се случуваше пред неколку години, од Пленум, протести, граѓански инцијативи и организации финансирани од Сорос. А немате право!!! Оти колку и да сте сметале и се уште сметате дека сте контролирале некои процеси, во Пленумот и студентски и професорски, Шарена, Секој ден во 6, Правда за Мартин Нешковски имаше илјадници млади и не толку млади луѓе, граѓански активисти кои веруваа дека е нивна обврска да излезат за тоа зло да не се повтори никогаш повеќе.

Граѓаните беа на улица оти сакаа и чуствуваа дека тоа е моментот да ја заземат сопствената држава. Подоцнежното киднапирање на процесите е друга приказна, вие треба да го објасните.

За жал, граѓани кои бараат слобода и демократија нема да видиме уште долго на улици. Хммм ај да погодиме зошто е тоа така?

Хакнат е така?!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.