Премиерот Зоран Заев, го честита јубилејот – 40 години од формирањето на Специјална антитерористичка единица – Тигар.

Почитувани припадници на Специјална антитерористичка единица – Тигар, ви го честитам јубилејот – 40 години од вашето формирање. Благодарение на вас, имаме современи формации и функционален систем на национална безбедност за борба против високиот криминал и за борба против тероризмот.

 

Единицата Тигар е синоним за обученост според највисоки стандарди, за професионалност, за максимална храброст и подготвеност да се спротивстави на каков и да е предизвик со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните.

 

Како членка на НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Македонија со својот адаптиран воено-безбедносен систем според стандардите на НАТО, свое значајно место има и Специјалната Антитерористичка Единица која е оспособена во борбата со насилниот екстремизам и тероризам да спроведува највисоки борбено-технички вештини – порача Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.