Премиерот Зоран Заев доби безрезервна поддршка од шефот на дипломатијата на Луксембург за европската перспектива на  Македонија.

-Благодарност за топлата средба и пречекот од нашиот домаќин тука во Луксембург, министерот за надворешни работи, Аселборн. Ми беше задоволство што се видовме и со драгиот пријател Флекенштајн, со кого имавме инспирирачки разговори за европската иднина на Македонија. Жан, Кнут, ви благодарам за пријателството и безрезервната поддршка за  Македонија, напиша во објава на Фејсбук премиерот Заев ја предводи владината делегација која од денеска е во посета на Луксембург..

 

Заев, придружуван од министерот за финансии Фатмир Бесими, претходно  имаше работен состанок во Европската инвестициска банка во Луксембург на кој е договорено продолжување и унапредуваме на соработката преку конкретни проекти.

-Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе продолжи да инвестира во општествениот и економски развој на Република Македонија со поддршка на проектите за побрзо закрепнување на економијата од последиците од пандемијата со КОВИД-19 со посебен фокус на малите и средни претпријатија, како и за проекти од Зелената агенда за инвестиции во обновлива енергија, енергетска ефикасност и дигитализацијата како дел од програмата што произлегува од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан, е заедничкиот заклучок од средбата на премиерот Заев и министерот за финансии Бесими со претседателот на ЕИБ Вернер Хојер и со потпретседателката на банката Лилјана Павлова.

Заев и владината делегација се во дводневна посета на Луксмебруг, а предвидена е средба и со премиерот Ксавиер Бетел



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.