Избори ќе има, макар и да треба да се купуваат пенкала за секој гласач, ова е најновата идеја на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој бара брзи избори во време на пандемија, кога речиси сите земји ги одложуваат изборите.
Поранешниот премиер вчера излезе со предлог за реализација на избори по секоја цена. Решението спред Заев, е да се продолжи рокот за гласање, односно, изборниот ден, да трае од 6 до 22 часот, а објасни и како би изгледал процесот кога ќе се гласа.
Се влегува се подава лична карта на дистанца, при легитимирањето ќе ја симнеме маската потоа ја враќаме маската и понатаму поминуваат стандарните дејствија. На влезот и на излезот дезинфицирање, а ако треба државата и да купи пенкала тоа ќе го направи, ќе купи еден милион и 800 илјади пенкала што од прилика чини 150.000 евра – вели Зоран Заев, претседател на СДСМ.
Социјалните мрежи веќе вријат од пораките на граѓаните, но и на експертската јавност дека овој предлог ќе значи стотици илјади евра потрошени само за пенкала, а дополнително ќе треба да се обезбедат заштитните маски и друга опрема. Во време на криза кога илјадници луѓе останаа без работа, од каде пари за пенкала се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Но не само тоа, останува отворено прашањето, од каде ќе се најдат пари да се доплатат дополнителните 4 часа за гласање, на име хонорари за луѓето кои ќе бидат ангажирани на избирачките места.
Брзањето за одржување на избори, според информациите кои ги објави порталот Плус инфо, Заев го форсирал и преку писмо упатено до европратеници во кое наводно објаснувал дека сега бил периодот кога им пораснал рејтингот, па би можеле да формираат влада која во целост би ги исполнила договорите со Грција и Бугарија
Меѓу другото во писмото кое Заев го пратил, според Плус инфо -напишал и оти очекува – изборите да бидат прогласени за чисти. Од владејачката СДСМ експресно ги демантираа овие наводи и инфорамции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.