Лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов го обвини Зоран Заев дека е виновен за актуелната сложена политичка ситуација во земјата.
Трајанов смета дека и премиерот во заминување и СДСМ ќе трпат последици по оставката на Заев на премиерската и на функцијата претседател на СДСМ.
Не е така едноставно и лесно да се сруши влада, последици ќе има дали преку оставка на актуелниот претседател на владата, дали преку интерпелација. Мислам дека Заев ја иницираше оваа севкупна состојба што се случува сега. Сигурен сум дека Зоран Заев и СДСМ за ова ќе сносат последици. Но, легитимно е правото на опозицијата да се здружува и да бара оставка бидејќи на секоја политичка партија главната цел ѝ е да дојде на власт, рече Трајанов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.