Се сеќаваме добро на глупирањата на Саше Политико по прес-конференции, кога по темни ќошиња од заседа им изрипуваше на функционери, новинари, луѓе од јавниот живот. Во тој период СДСМ беше во опозиција и грчевито се обидуваше да дојде да власт. Но, не му успеваше. Затоа го користеа Политико да испровоцира нечии реакции, да се покаже нервоза и да поттикне одбивност во јавноста.
Тактиката на Политико понекогаш и да изеде ќотек не донесе јавно добро, само ја покажа ниската самоконтрола на Заев кога губи.
Политико се појавува само пред избори. Во меѓувреме од 2016 досега, нема посебен интерес да спопаѓа политичари и да бара од нив одговори. На пример, досега не сме го виделе како бара одговори од Шилегов за тендерите, за аферите, за дупките по улиците, за поплавите….
Доказ за ова е оваа снимка од 29 јуни 2020 година, во пресрет на парламентарните избори.
Во својот „сјај“ Политико го видовме и денеска на прес-конференција по потпшувањето на Кодексот за фер и демократски избори. По неколку провокативни прашања што ѝ ги постави на кандидатката за градоначалничка Данела Арсовска, на кои доби исцрпен одговор, Политико продолжи да ја брка од бараката на Град Скопје до паркингот врескајќи дека обезбедувањето на Арсовска го спречува да ѝ се доближи за да ја праша. Тој не се задоволи со понудата на претставничката за медиуми на Арсовска, Христина Панева, останатите прашања да ги испрати на меил и да му бидат така одговорени.
Политико на снимката вреска и се жали дека го туркаат бодигардите на Арсовска, која всушност нема телохранители, дека не може да ѝ се доближи, но од снимката тоа не се гледа. Напротив, дој е доволно блиску до неа за да се слушне дека му му се заблагодарува за интересот.
Ви благодарам за времето, доволно прања беа, најмногу прашања поставивте од сите. Ви благодарам, имам обврски, вели Арсовска додека влегува во автомобилот.
Веќе видено. Којзнае што допрва следува и од каде се ќе изрипува овој несреќен самонаренен новинар, кој изумил дека човекој кој има телохранители не си ја отвора сам вратата од возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.