Барам одговорност за скандалот што доцна ноќеска се случи во Струмица, каде што преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев и Христијан Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на моите сограѓани, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако синоќа полицијата упадна во магацинот каде што се наоѓаат прехранбените производи кои се донација од семејството Заеви во време на кризата.
„ВМРО-ДПМНЕ преку полициски структури попречува хуманитарна помош за граѓани преку злоупотреба на државни институции. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација. Држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му смета солидарноста. Тоа е одлика на нелуѓе од еден режим којшто одамна го поразивме заедно со граѓаните. И затоа таквите партиски насилници мора да сносат одговорност“,
вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.