Позитивното на оваа негативна кампања во која излегоа на површина црнилата на заевизмот, рече вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, е што се виде дека и Заев и Пендаровски се празни политичари, или како што би рекле тие самите, навистина се повеќе од 102.5% исти. И тоа е вистинскиот проблем за Македонија.
Зоран Заев не е ниту Тито, како што го викаат неговите, или пак уште помалку некое божество за фалење, тоа е Зоран Заев човекот кој се фалеше да не му ја гибаме жицата македонска, оти изгубен во времето ќе го барал семето, кој велеше дека ќе донел живот. А што направи? Го смени името, го промени идентитетот, се срами да рече дека има Македонци во Грција, се срами од Химната, да слушне дека Македонија се раѓа… особено од зборовите Македонците се борат за своите правдини, и дека денес над Македонија се раѓа ново соце на слободата. Се срами да ја построи гардата овде на ова плато пред Владата.
Мицкоски се присети на Рациновите стихови „за туѓи бели дворови копај си црни гробови“.
И навистина е тешко да се гледа како понизно се пењави пред грчкиот колега, како слугата од Македонските народни приказни, за да не згреши нешто, зошто не сакал да му предизвика проблеми дома во Грција. Ама се коцка со моето и вашето достоинство. Не го донел тоа од дома! А Заев бре нашиот народ, а што е со нашиот народ…Што е и со умрените, постраданите за Македонија, сегашните и оние неродените кои доаѓаат. Што е со Гоце Делчев, кој го редиш по спотовите, или Блаже Коневски, којшто велеше дека името ни е големо и сакаат бессрамно да ни го земат. Па тие се бореа за Македонија, нивниот лик е потсетник на твојот срам со делото кое го нагрдуваш нивниот завет.
И Заев добро знаеш дека оваа битка ќе ја изгубиш. Нанесе многу неправди. Не заборавам ниту еден човек кој сега е во затвор неправедно осуден, мета на прогон. Ќе се борам додека последната неправда не се исправи. Не ги заборавам децата на оние кои гнијат по затворите. – рече лидерот на опозицијата на вечерашниот централен митинг во Скопје.
Мицкоски повтори дека не заборава, ниту дека ќе ги заборави сите непрацедно осудени кои се денес во затворите, кои се мета на прогон и неправда и дека нема да престане да се бори се додека последната неправда не се исправи, се додека и последното одземено на било кој човек во нашава земја не му биде вратено.

Не ги заборавам ниту децата чии родители сега гнијат по затворите додека терористите од Смилковско шетаат на слобода. Мора да има правда, правда за секого, безусловна, апсолутна, зошто само така ќе имаме држава за каква се бориме, мечтаеме и каква што заслужуваме.
Велеа од власта дека се бореле за ЕУ и НАТО. Еве поминаа две години како се на власт, а Македонија нема датум за преговори со Европската Унија, и веројатно и оваа година нема да добие препорака, а нема да добие не заради опозицијата, туку поради неспособноста на владата, не знаат да работат. Европа е стандарди, Европа е критериуми и вредности, каква што оваа влада нема.
Од друга страна, тој рече дека направиле од готово вересија, од традиционалните пријатели направиле непријатели.

Па срамежливо министерката за одбрана ќе рече можно е да се појави и кочница за членството за НАТО. Па нели блескаме, нели одиме напред. И додека тие викаат дека блескаме, секој од вас знае дека никогаш не било полошо и потешко. Секој од вас знае дека не било полошо во економијата. Се фалат со 624 милиони евра странски ивестиции, а околу 450 милиони евра или над 80 осто се резултат на уплатена реинвестирана добивка која ја пријавија зошто владата ги покачи даноците. Значи најниска реална стапка на инвестиции. Излегоа се пофалија со наводни нови странски инвестиции, а сите се од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Значи дека 2 години ги преспаа, изгубија, потрошија за да пљачкаат и уживаат во привилегиите кои им ги обезбеди овој народ.
Мицкоски потсети дека и Светска банка кажува дека сме на дното, на самото дно во цела Европа според индексот со кој државата вложува во човечкиот капитал сме на 88-мо место, најдоле на табелата.
Дури и афричките земји се добри кога е во прашање Македонија. Од 100 луѓе во државава според Светска банка работат само 28, од кој половина во државна администрација. Нема ниту едно ветување кое го остварија, а ветуваа многу. И кога ќе го слушнам Заев како ни збори за демократија и правда тоа е како Ким Јонг Ун збори за човекови права и слобода. Какво време дојде тој да држи лекции за морал, за етика. Може да збори за се, но никој не му верува, бидејќи тој е истиот кој сите го видовме како беше амнестиран за Глобал, и како кај Мирчо свињарнико бараше по евро за црквата, евро за Вицето. И замислете сега како само ќе тргнеме напред користејќи го нивниот слоган, со молскавична брзина, и треба вистински да бидеме благодарни што не викаат на тој пат. А ако е од нив дури и да не поканат, фала не. Со вас не треба никаде да одиме.
Ние не сакаме по неговиот пат да тргаме. Бидејќи тоа е патот на криминалот, скршена кичма и предадена и продадена држава. Ние го избираме патот на правдата, патот кој ќе го трасира професорката Гордана Силјановска Давкова. Патот на заштита на државата и нејзините интереси.
Време е народот да се испречи како ѕид пред нивното грабање напред за да ги освести да видат кај се. Се заборавија од хотелите и луксузот кој го живеат, балови во странство, фрагови во Скопје, снегот во Маврово и стазите кои ги затвораат за обичните луѓе за да премиерот да може да вози,и сето ова додека народот гладува. Затоа на овие избори народот ќе ги потсети во која земја живеат и на кој народ му служат. Стево ниту еднаш ниту, еднаш не се огради од Заев. Ни кога камионите на семејството вртат за државни фирми, ниту кога Заевци отвораат фирми во странство, ниту кога империјата на Вицето се шири искучиво со помошта на власта. Стево не се огради од Заев ниту кога овој тргуваше со достоинството, ниту кога ги покачуваше даноците. А знаете ли зошто – затоа што тие се исти – парилка иста – лице и опачина се Зоран Заев и Стево Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.