Претседателот на Владата на Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД Карен Донфрид, која на премиерот во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти Владата, премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговарале за евро-интегративниот процес на Македонија, при што била изразена целосна поддршка од страна на САД за отворање на преговорите со ЕУ во декември оваа година.

Соговорниците се согласиле дека отворањето на преговорите со Македонија и Албанија е надворешно-политички и геостратешки интерес на САД.

Во телефонскиот разговор потврдено е стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД кои сега се и партнери во НАТО, се вели во владиното соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.