Премиере Заев, вие во вашата изјава каажавте – Логично е, чесно и одговорно пред било кој инвеститор да ги кажеме сите информации мислејќи на истрагата. Но законот за кривична постапка, член 289, кој што и вие како премиер треба да го почитувате, говори за тајност на предистражната постапка – Сите дејствија преземени во предистражна постапка ос страна на Јавниот обвинител или на полицијата се сметаат за тајни.

Ова што вие сега го кажавте, дека вие на првиот состанок, рековте, тогаш научив, на првиот состанок дека постои истрага. Тоа значи дека ако не вие, тогаш вашите соработници Филипче или Дончев, го прекршеиле законот за кривична постапка и предистражната постапка која што треба да е тајна и која што тие и да ја знаеле не треба да ја соопштуваат, ја соопштиле и со тоа дејствувале против законите, истакна денеска од собраниската говорница Антонио Милошоски говорејќи за Рекет 2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.