По изгласувањето на новата влада, премиерот Зоран Заев, порача дека Македонија добила помала влада, но влада која ќе биде ефикасна и подготвена да работи посветено согласно интересот на граѓаните и државата.

Тој им се заблагодари на пратениците од демократското мнозинство кои ја препознале важноста и потребата од нова одговорна Влада и кои им ја дале довербата да ги водат инситуциите.

Во следните четири години со сите ресурси ќе дејствуваме за да ја оправдаме довербата на пратениците, односно на граѓаните кои го доделија мандатот на пратениците.
Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечив придонес е важен, очекуван, потребен и суштински – вели Заев.

Истовремено, Заев ги повика граѓаните да се приклучат кон борбата против корупцијата и против Ковид-19.

Прифатате го повикот за широка мобилизација на сите капацитети со кои ќе ги исчистиме воздухот, водите и почвите. Бидете будни, гласни, конструктивни, аргументирани. Следете ја нашата работа и бидете коректив, но и партнер. Ние, како и досега, ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби.

Ова е моментот сите заедно да работиме на промените кои носат напредок и развој, кои носат светла иднина за нас и за нашите деца.

Сега, кога сите големи отворени прашања на надворешен план се зад нас, ред е со сите капацитети да се посветиме на работа дома. Да обезбедиме уште подобри услови за уште подобар живот, за уште поголеми плати, за повеќе правда и повеќе грижа за сите наши граѓани – порачува Заев.

Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво…

Gepostet von Zoran Zaev am Sonntag, 30. August 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.