Доаѓа време на покрупни проекти за општините, изминатите четири години докажавме дека Владата има слух за општините, реализирани се над 7.000 проекти во сите општини, изградени се 60 градинки, 80 училишта, 60 објекти за полицијата, 34 здравствени установи, 20 домови на култура, театри, општински згради, порача вечерва од митингот во Штип, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на кој се промовираше кандидатот за градоначалник за Општина Штип, Сашко Николов и листата за советници предводена од Александар Мишев. Порача дека за следниот мандат ќе се реализираат илјадници проекти и во Штип, истокот и во цела Македонија.

– Докажавме дека Владата има слух за потребите на општините и тоа е многу важно, една од најважните и најкрупните разлики меѓу нас и нив. Посветеноста на централната власт е гаранција за реализација на локалните проекти. Владата е локомотивата за локалниот развој, но општините се вагоните. Општините се кровот на граѓаните, тие се дом над домовите и мора да се удобни, мора да се средени, мора се што е потребно да има во нив, од асфалтиран пат до водовод и канализација, до модерна амбуланта, до модерна градинка, училиште, снадени дуќанчиња, до големи и современи комапнии, истакна Заев.

Лидерот на СДСМ забележа дека општините наследиле долгови, а централната власт помогнала со нивно раздолжување со 50 милиони евра, дополнително обезбедени беа и 500 милиони евра за реализација на проекти за сите општини.

– Сето ова почитувани граѓани отвори простор многу пофокусирано да се посветиме на решенијата и на предизвиците на локално ниво. Цврсто сме посветени на силен развој и ве уверувам доаѓа време на уште покрупни капитални проекти во општините, бидејќи сета енергија ја насочуваме во следните четири години кон забразан локален економски развој, за европски живот за сите, дома, во вашиот сокак, во вашето маало, во вашата општина, вели Заев.

Порача дека проектите кои ги нудат на локално ниво се реалност и станува збор за добро осмислени проекти.

– Последните денови се изнаслушавме измислици од опозицијата, без конкретни планови, без реални пресметки и буџетски проекции, истурааат како од ракав, народски речено проекти коишто немаат врска со реалноста.Таквиот несериозен однос е навреда за граѓаните, кои веќе добро знаат да препознаат што може, а што не може да се оставри. Ние даваме збор што планираме, тоа и го одржуваме. Го зајакнавме темпото одговорно и домаќински ќе работиме секој ден на најдоброто, за после четири години во 2025 година да можеме сите да речеме еве ова е мојата општина е најдоброто, вели Заев.

Заев ја побара поддршка од штипјани за кандидатот за градоначалник, Сашко Николов и советничката листа, со цел проектите да продолжат и наредните четири години, меѓу приоритетните проекти е реконструкцијата на старата водоводна линија, изградба на обиколницата Запад, секундарна гасификација на градот Штип.

– За да се продолжат проекти најдобро е да се даде шанса на Сашко Николов. Ние реализираме проекти на дело. Со доктор Сашко, заедно со советниците предводени од носителот на советничката листа доктор Алекасндар Мишев, специјалист офтамолог во Клиничка болница-Штип, во Штип сте на сигурно и вие граѓаните и градот, бидејќи знаат, сакаат, ја имаат нашата безрезервна поддршка да го донесат најдоброто, за вашиот и наш Штип, вели Заев.

Поддршка од штипјани за Николов и советничката листа побара и поранешниот градоначалник, а сега актуелен министер за транспорт и врски, Благој Бочварски. Во изминатите четири години локалната власт направила поместување и реализација на капитални проекти, а како што рече Бочварски покажале како треба да се работи со граѓаните, од режим до слобода, од проектчиња, како два сантимерти асфалт и редење бехатон коцки до гигантски проекти.

– Изградивме детска градинка, најубавата во цела држава. Нов мост на река Брегалница, Кружен тек кај Алумина со нова улица. Во финална фаза е градбата на затворениот базен. Изградивме две паркинг платформи, а се гради градскиот стадион. Водоводите што ВМРО-ДПМНЕ не ги изгради, ние ги изградивме Балканска, Чардаклија и Македонка, така како што ветивме пред вас во 2017 година денес имаат чиста вода за пиење. Ги реконструиравме сите училишта и градинки, спортските сали во училиштата, многу нови улици. Спортот го вративме на спортистите, рече Бочварски.

Тој забележа дека Штип е градилиште, се изградија сите патишта околу него, а се реализира и најкапиталниот проект брана на река Отиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.