Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска во 11 часот го достави до Собранието предлог составот на новата Влада и програмата за нејзина работа.

Денес во Собранието доставив предлог Програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Македонија. Нз изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма. Македонските граѓани ќе добијат одговорна влада која ќе гарантира континуитет во остварување на стратешките приорити. Денеска како мандатор доставив предлог за влада која е подготвена да сработи во полн 4 годишен мандат. Со мене се 19 инистри и министерки со кои се обврзуваме дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро. Програмата за работа ја отсликува посветеноста на сте политички партии од коалицијата за борба против корупцијата, прочистување на правосудството и потекло на имот на сите функционери. Сите сме согласни посветено да работи на реализација на договорите со Грција и Бугарија, како и на Рамковниот договор, кој е темел на заедничкото живеење во мир.

Имајќи го предвид периодот со ковид-19 ќе се посветиме со инвестиции во јавното здравство, Како еден од столбовите е и борната против загадувањето со суштински политики и инклузивен процес. Тука најмногу сте потребни вие граѓаните. Ова се принципите и вредностите од кои ќе се води новата влада.

Предлагам одговорни професионални и отчени кадри со конкретна мисија и цели и кои ќе имаат задача да работат исклучиво за граѓаните и европската трансформација на нашата земја. Очекувам Џафери да даде доволно време за пратениците да се запознаат со програмата и биографијата на предложените кандидати – рече Заев.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.