Очекувам посветеност, одговорност, отворен пристап и прогресивно политичко дејствување, во интерес на сите граѓани на Македонија и во интерес на социјалдемократското семејство, напиша на Фејсбук доскорешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев честитајќи му ја победата на Димитар Ковачевски.

Членовите на СДСМ го избраа новиот претседател на партијата, на демократски внатрепартиски избори. Му честитам на Димитар Ковачевски и му посакувам успех. Им честитам на сите членови на СДСМ кои гласаа на внатрепартиските избори и со тоа покажаа висока демократска свест и однесување.
СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија денес гласаше достоинствено и европски, за стабилна македонска иднина, напиша Заев на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.