Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, порача дека настапува „нова ера“ во билатералните односи меѓу Грција и Македонија.

Откако му го честитала на Заев реизборот за премиер, Сакеларопулу ја истакнала важноста од целосното имплементирање на Договорот од Преспа во рамки на неговиот дух и тоа што е напишано во текстот, со цел да се продлабочат врските меѓу двете земји, објави „Катимерини“.

Таа ја истакнала и цврстата поддршка на Грција за европскиот пат на Македонија во рамки на процесот за пристапување нови членки во Унијата, што се базира на добрите меѓусоседски односи.

Од своја срана, Заев го искажал своето задоволство од посетата на Грција во ова време и истакнал дека Преспанскиот договор дава резултати со оглед на тоа што билатералните односи биле засилени во сите области.

Заев посочил дека има широка соработка на Македонија со нејзиниот стратешки партнер, Грција, со која се зацврстиле врските на пријателсво и доверба и дека Грција секогаш може да смета на својт сосед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.