Лидерот на СДСМ Зоран Заев во денешното интервју за „А1он“ вели дека не сака да ги коментира изјавите од ДУИ, конкретно онаа на Бујар Османи дадена за грчки „Етнос“ во која тој вели ДУИ е победник на изборите и дека тие треба да го добијат мандатот и да одлучат со кого ќе формираат влада, дали со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ.
Според Заев, јасно е кој во парламентарна демократија добива мандатот за формирање влада.
Тоа е првопласираната, а не третопласираната партија и затоа навистина не гледам потреба понатаму да ги коментирам ваквите изјави, вели Заев.
Тој смета дека ДУИ се однесува арогантно и ги потценува граѓаните, а тоа според него не носи резултати.
Резултати може да донесат само заложбите за државата да ни продолжи по правиот пат, по европскиот пат, по економскиот пат и по патот на правдата. Тие што се спремни да се приклучат на овој пат ќе ја испишуваат новата современа историја на нашата држава, вели Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.