Политичка е одлуката кој ќе биде директор на здравствените установи, како и за сите други институции. На здравствените институции се поставуваат в.д. директори заради транспарентна постапка за избор на директор, рече премиерот Зоран Заев.

Како што рече Заев, повеќе од 80 отсто од директорите во здравствените установи се со трајни решенија, а меѓу нив, освен лекари, има и економсити.

Политички се поставуваат најголемиот дел од директорите и на здравстените институции зашто политичката одговорност граѓаните ја пренесуваат на политичарите и политичките партии и тие ја преземаат преку свои политичко-поставени раководни структури. Друго е што голем дел од директорите на здравстените институции се поставени на ексепртска база. Но, политичка е одлуката да биде тој, а не другиот, зашто веруваме дека правото да управуваме со институциите доаѓа со одговорноста на институциите. Наша желба е пред се лекари да ги водат здравстените институции и затоа најголем дел од директорите се лекари, иако има и економисти. Најголем дел од сите директори се в.д. (вршители на должност, н. з.) заради самите транспаренти постапки и потоа даваме можност на компетитивна основа да се јават на оглас за избор на директор. 80 отсто се назначени директори, објасни Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.