Зоран Заев среде кризна состојба избега на одмор. Цела држава ја остави во пламен и отиде да се сонча по грчките плажи со неговата министерска свита како Филипче и Маричиќ. Заев покажа целосна несериозност, неодговорност и ја покажа сета негова бесчувствителност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Среде кризна состојба ги остави државата и граѓаните. Капитулантски, дезертерски и предавнички чекор. И во тоа ужива. Сега само заради изборен маркетинг, Заев се врати на фотографирање во пепелосаната Македонија. Среде пепелот, Заев се појавува во блуза Астон Мартин од 500 евра и со лакирани чевли. Заев дезертертираше, а денеска со лакирани чевли и Астон Мартин маичка од 500 евра не се гаси пожар, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека наместо помош, граѓаните добија фотографии.
Наместо системски одговор пред огнената стихија, добија соопштение за влада по плажи на телефони. Наместо државнички зафати за помош и спас, добија капитулантски и предавнички маркетинг. Зоран Заев и СДСМ се срам за Македонија. Од Заев и СДСМ веќе никој не бара одговори. Од Заев и СДСМ се бара одговорност, истакнуваат од партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.