Со барањето на Зоран Заев денес да се гласа за недоверба на Влада, тој само купи три месеци, бидејќи според Уставот најкратко во рок од 30 дена може да се потави прашањето за недоверба на владата. Едноставно тој направи превоспитување на своето мнозинство, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема говорејќи за денешното гласање во Собранието укажувајќи дека истото се случи токму сега кога ЛДП и Демократскиот сојуз соопштија дека ќе дејствуваат самостојно.
Лефков се осврна и на тоа што подолг период немаше седници во Собранието затоа што владеачкото мнозинство не можеше да се собере. Според него не може да се обвинува опозицијата затоа што владеачкото мнозинство не може да се собере и да има седници.
Секогаш кога ќе дојдеше да нема мнозинство ја обвинуваа опозицијата, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги повика да се закаже една седница на која ќе се стават сите закони за здаравствена заштита. Ако го направеа тоа ќе добиеја поддршка. А зошто не го прават тоа затоа што селективно си ставаат закони кои они сакаат, рече Лефков.
Пратеникот Лефков укажа и дека владејачкото мнозинство не сака да слушне дебата, не сака да ја слушне опозицијата.
За илустрација кога поднесовме барање да се разгледува концептот за образование вие имавте над 15 процедурални прашања само за да не се расправа за концептот на Царовска, рече Лефков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.