Премиерот Зоран Заев не го искоментира декретот на американскиот претседател Џо Бајден од аспект на корупција на денешната прес-конференција.
Сепак, тој рече дека е наменет за сите поткопувачи, мрчатoри и блокатори на Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор.
Декретот е своевидна најголема потврда за вредностите за кои се залага Владата. Криминалот и корупцијата ги уништува демократските општества и затоа ова е сериозна порака за охрабрување и дополнителна мотивација. Тоа е патот по кој треба да се развива целиот демократски свет. Тоа е наедно и порака за блокатори, поткопуввачи и мрчатори. Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор се почитуваат многу во САД, тие дадоа помош за овие договори, искоментира Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.