Народот вели „уценет човек жив ѓавол“. Така отприлика изгледа состојбата на водачите на таканаречната „Мериот коалиција“ која повика на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ, пишува Нет Прес.

Нескриен е фактот дека помеѓу водачите во таа група е поранешниот шеф на ДБК, Сашо Мијалков, и поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, неколку поранешни градоначалници за кои има сомнеж за корупција и се говори за готови предмети кои се држат во фиока низ судските лавиринти, како и министри и заменици министри за кои има предмети во „депото’ на Заев. Истите имаат платено повеќе ботови кои на социјалните мрежи треба да создадат улога на конфузија на членството на ВМРО-ДПМНЕ и слабеење на партијата.

Средба Заев-Мијалков на која се договарало критика и проблеми во ВМРО и слобода единствено на Мијалков?

Вчера новинарот Александар Митовски истакна дека за процесот Таргет- Тврдина имало состанок помеѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков на кој била договорена пресуда од 3 години за Мијалков, а на Апелација би можела да се анулира таа казна.

– Имам информација дека за процесот Таргет-Тврдина имало состанок помеѓу господинот Сашо Мијалков и господинот Зоран Заев. Состанок на кој му било предочено на Мијалков дека би требало да прифати казна од најмалку 3 години, која потоа би била сопрена на Апелација, а бидејќи Апелација била под контрола на Сашо Мијалков таа можел сам да си ја анулира, вели Митовски.

За возврат, според информациите на НетПрес, Заев побара до крајот на март да се случи најавата за вонреден конгрес, иако знаат дека тоа правно е неиздржано и нема легитимитет.

Заев сака проблеми во ВМРО, бидејќи мнозинството се рони и е на стаклени нозе

Преку соопштение најавија конгрес, а никој никогаш не ги видел мнозинството на делегати на едно место што е јасен доказ дека „Мериот коалицијата“ нема никакво мнозинство какво што се обидуваат да престават во јавноста. Ваквата иницијатива Заев сака да ја искористи како дефокус од бројните афери и проблеми, како и на кревкото мнозинство во Парламентот, кое е на стаклени нозе.

Иницијаторите половина година најавуваат конгрес кој никако да се случи. Операцијата е избрзана и неприфатена од членството на ВМРО-ДПМНЕ кое не сака Заев да инсталира лидер на ВМРО-ДПМНЕ, и работи за победа на Мицкоски на локалните избори.

Провладините медиуми Заев им ги отстапил на „мериотовци“

Прва вест на сите медиуми блиски до СДСМ е иницијативата за конгрес. Луѓето на Заев вртат по општинските организации да се поддржат или во најмала рака да не се напаѓаат челниците на таканаречената „Мериот коалиција“. Наспроти ова во ВМРО-ДПМНЕ се насочени кон рушење на власта. Партијата ќе има редовен конгрес, независно од планираното на иницијаторите.

Нестатутарни се барањата. Делегатите се со истечен мандат. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е како да барате од пратениците од минатиот состав да гласаат закон кој е на дневен ред во парламент со друг актуелен состав.

Заев даде отворена поддршка на „Мериот коалицијата“

Избори треба да има, но во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како што има во СДСМ, вели Заев.

– На 21 март ќе се бира претседател, крајот на април конгрес ќе има. Веројатно тоа ќе се случи и во ВМРО –ДПМНЕ. Треба да се демократизираат и менуваат политичките партии затоа што само така ќе се модернизира државата, вели Заев кој е во високата политика од деведесеттите години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.