Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од секој од нас и од нашата одлука дали ќе ги почитуваме мерките за лична заштита или ќе дозволиме да се изложиме себеси на ризик, а со тоа и нашите најблиски и целата наша околина, наведува лидерот на СДСМ, Зоран Заев во видеообраќање.

Затоа, апелирам до секого, носете маска или друга заштитна опрема со која ќе ги заштитите носот и устата. Често мијте раце и не ги допирајте очите, лицето и носот. Држете дистанца од луѓето околу вас и не се групирајте. Вршете дезинфекција во домот, а особено на вашите работни места, порачува Заев во обраќањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.