Не поминува ден, а да нема нова индиција, документ или сведоштво за вмешаноста на Зоран Заев во случајот Рекет. Медиумите вчера објавија нови информации, согласно кои Зоран Заев е спомнат како човек кој бил запознаен за рекетирањето, но и дека Боки Тредичи се фалел дека доколку истиот го плати рекетот ќе биде поставен за директор на една телекомуникациска компанија, во која државата е косопственик – стои во денешното соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека е крајно време Јавното обвинителство да се охрабри и да го повика Зоран Заев на распит. Според нив милионски рекет во времетраење од неколку месеци не може да се случи без институциите на системот, а со тоа и премиерот лично да не знаат.
Боки Тредичи според исказите на жртвите бил во константна комуникација, не само со Катица Јанева која е директен извршител на делото, туку и со високи функционери од власта, кои де факто се помагачи и со своето влијание и авторитет му овозможиле на Боки Тредичи позиција да рекетира. ЈО да престане да биде развлекувач на истрагата. Да постапи согласно закон и да поведе истрага против сите потенцијално вмешани – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие нагласуваат дека Владата, Зоран Заев лично, ЈО и сите чинители во процесот треба да знаат, дека иднината на Македонија е пред нивните политички кариери. Развлекувањето на случајот Рекет може сериозно да го стави под знак прашалник нашето отпочнување на преговори со ЕУ.
Граѓаните не заслужуваат да бидат жртви заради погубните и криминогени политики на Заев. Власта треба да распише предвремени парламентарни избори час поскоро. За иднината на Македонија се работи – констатираат од опозициската партија
.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.