Премиерот Зоран Заев не се чувствува како предавник и не смета дека треба да прифати ТВ-дуел со Христијан Мицкоски. Во интервју за ТВ 21, Заев потсетува дека досега пет пати прифатил дуел со лидерот на опозицијата.

Прочитав што е причината, за разговорите со Бугарија. Мислам дека имаме многу што да посветиме време на поконкретни работи отколку да разговараме на таа тема која што е јасна за целиот наш народ. Сите детали се знаат, целиот регион знае, цела Европа знае и сега ние треба да дискутираме со него за прашањето и проблемот што го имаме со Бугарија, Не, мислам дека не треба. Не избегнувам дуели и ќе прифатам кога навистина ќе има суштина или потреба, рече Заев.

Иако на целиот свет му е јасно дека никој не разговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик и тоа го потврдуваат сите, рече Заев, само на Мицкоски му треба декларација за македонскиот народ и македонскиот јазик.

Имајќи предвид дека ме обвинува мене дека јас сум виновен за ветото од Бугарија, а истовремено ме обвинува дека јас правам предавство на македонскиот јазик и македонскиот народ, не само што е контрадикторно, туку е условено едно од друго. Ако направиш предавство, досега требаше ветото да биде тргнато, или е од другата страна – ако ветото опстојува, така значи дека се штитат националните интереси, рече Заев, повторувајќи дека  земјава мора да ги штити своите национални и државни интереси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.