Претседателот на Владата, Зоран Заев i претседателот на партијата Сириза, актуелен пратеник во грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас, на средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, се согласија дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Македонија и Грција.

Пораките кои глобално се испраќаат од „Преспа форумот за дијалог“ потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, кој денеска и утре во Охрид и Преспа го уважуваат и почитуваат стотици високи гости од регионот, Европа и светот за да ги афирмираат вредностите што произлегуваат од духот на Договорот – заклучиле соговорниците.

Заев и Ципрас, истакнаа дека суштината што во себе ја носи Договорот од Преспа, со својата сила и значење ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Македонија и Западен Балкан.

На средбата било констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека спогодбата која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина без разлика кој е на власт во Македонија и во Грција и во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.