Премиерот Зоран Заев информираше дека барал средба со францускиот претседател, Емануел Макрон, но тоа завршило без успех.

Барав средба со претседателот Емануел Макрон и преку францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние четири месеци – но безуспешно. Секогаш посакувам средба со претседателот на Франција, голема земја и голем пријател на Македонија, верувам дека во иднина ќе имаме можност да разговараме“, додаде премиерот Заев.

Тој се заблагодари и на сите европски лидери кои се залагале за нашата држава.

ЕУ не го испорача тоа што го вети. Ние ги решивме споровите со соседите, а тие не останаа на зборот. Тоа е нивна историска грешка и тоа го потврдија сите европски лидери, ние направивме се што требаше. Сакам јавно да се заблагодарам на мнозинството лидери кои се бореа за нас, знаеме дека во иднина можеме да сметаме на нив. Ние сме жртви на историска грешка на ЕУ. Јас сум разочаран и лут и знам дека целиот наш народ се чувствува така. За мене ова неисполнето ветување е неправедна постапка на ЕУ. Тоа е одлука на Европската Унија заради нивни внатрешни работи и не можевме да ја промениме. Ние и тоа како сме одговорни за сопствените одлуки“, рече Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.