Премиерот Зоран Заев денеска преку својот Фејсбук профил им го честита на православните христијани празникот Прочка.

Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето. Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа е концепт што носи добро за сите, напиша Заев во објавата на Фејсбук.

Да нѐ крепи духот на простување и помирување со кој е исполнет денешниот ден. Да си посакаме многу мудрост и трпеливост додека го градиме нашиот заеднички дом – дом за достоинствен живот и правда за сите наши граѓани. Честит празник – Прочка! Имајте убав и спокоен празничен ден, додаде Заев.

Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето.

Нашето внатрешно и меѓусебно…

Posted by Zoran Zaev on Sunday, 14 March 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.