Премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено студио“ на МТВ изјави дека не гледа здрава логика во тоа да се протестира за покачување на струјата, кога таа и сега била поевтина во споредба со 2017 година како што ја затекнале.
Просечна сметка за струјата во 2006 година беше 822 денари, а во 2017 година 1.635 денари, односно покачена за 100 проценти, со воведувањето на евтината тарифа на струјата, сметката се намали на 1.309, односно падна за 326 денари поради евтината тарифа – изјави Заев.
Тој додаде дека и со сегашното покачување е 228 денари, струјата била поевтина од 2017 година.
Чесно е да е се дадат 100 дена на владата, а не да се протестира по петтиот, шестиот ден – рече Заев во интервјуто за Македонската телевизија со уредници и новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.