Премиерот Зоран Заев при денешната посета на Ресен рече дека Бугарија не го спори македонскиот идентитет и македонскиот јазик, туку дека бара да се „утврдат македонските корени“.
Бугарија признава и кажува дека тие немаат проблеми со македонскиот јазик и со македонскиот народ, но ајде викаат да ги утврдиме корењата. Ќе ги најдеме и корењата, ако бидеме паметни на европски начин. Ние сме почитувачи на нашето минато, но сме обврзани да ја креираме и нашата иднина колку што е можно подобро. Мал ни е регионот, колку повеќе се сплотиме, толку повеќе благодет ќе имаме – рече Заев.
Заев ова го изјави по вчерашната изјава на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој рече дека може да се разгледа и таа опција Македонија, доколку нема договор со Бугарија, да заостане во однос на Албанија во пристапниот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.