Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле тврди дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не е пречка за Македонија, а за коалицискиот партнер во бугарската влада Красимир Каракачанов, пак, вели дека тој ја сака земјава, но на погрешен начин.

„Тврдам исто така дека и Борисов е против, затоа што тој е отсјај на својот народ. Но секако, тој има и коалициски партнери. Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат „аман брату, немој толку да не сакаш“. Значи тој ја сака Македонија, но на погрешен начин. Треба да продолжи да ја сака, но и да покаже дека тоа што нему му тежи и му е проблем, како што вели: Блгарски Македонец; тоа се решава, вели Заев во интервјуто

Целото интервју можете да го погледнете ТУКА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.