Во Познан Полска каде ќе се одржи конференцијата ЕУ –Западен Балкан кон крајот на неделава, премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со францускиот премиер Едуард Филип.
Состанокот на кој главен фокус е отворање на пристапните преговори со ЕУ, е на барање на францускиот премиер.
Како што објави Канал 5 на средбата Заев ќе се обидe да издејствува поддршка од Франција за датум за преговори.
Во меѓувреме се огласи францускиот претседател, Емануел Макрон. На крајот на денешниот Самит на ЕУ тој изјави дека е категорично против ново проширување сѐ додека не се реформира ЕУ од внатре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.