Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, во рамките на работната посета на Луксембург, денеска оствари средба со премиерот на оваа земја Ксавиер Бетел.
На средбата со Бетел, премиерот Заев истакна дека Луксембург, како еден од најгласните застапници на проширувањето на ЕУ е близок партнер на Македонија и значаен глас во Европската комисија за нашата земја за старт на преговорите за членство во ЕУ.
Претседателот на Владата на Македонија Заев како принципиелен го оцени ставот на Луксембург во врска со бугарското вето како прашање за кое не може да се разговара бидејќи идентитетските прашања произлегуваат од правото на самоопределување.
Премиерот Бетел на средбата истакна после сите храбри одлуки што ги донесоа премиерот Заев и Македонија, земјата го заслужува своето место во ЕУ, и го покани премиерот Заев останатиот дел од темите од интерес за двете земји како што е поттикнувањето на вкупната економска соработка меѓу двете земји како и можностите за директни странски инвестиции на компании од Луксембург во Македонија да ги разговараат за време на прошетката низ градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.