Едвај чекам да видам како пред судот Зоран Заев ќе објасни како важеа едни аршини кога беа во опозиција, а сегаа важат други, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во „360 степени“ на Алсат одговарајќи на прашање во врска со тужбата на Заев против него за политичка изјава дадена во август, а во врска со случајот „Рекет“.

Знам зошто го прави ова Заев, од две причини. Прво тотално изгубил фокус и се занимава со крајно небитни работи. Можеше да излезе на прес-конференција и да каже ова што го зборува Александар не е така, зашто фактите се тие. Очигледно фактите не се на негова страна. А втората причина е што најверојатно има некоја екипа околу себе која го бодри шефе уживај, ќе го добиеме на суд, што е очигледно со оглед на тоа како го контролираат судот, и после тоа ќе кажеме ти немаш ништо со „Рекет“, затоа што основата на мојата изјава е „Рекет“, а Заев бега од „Рекет“ како ѓавол од темјан, затоа што „Рекет“ него целосно го сруши, во моментов политички, а во иднина ќе го руши и правно, затоа што „Рекет“ завршува кај него. И тоа ќе го дознае јавноста, рече Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.