Претседателот на СДСМ, Зоран Заев се откажува од дебатите. По неговите настапи на двете одржани дебати со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, решил повеќе да учествува во вакви соочувања. Првата дебата на Телевизија 24 беше оценета како најлоша дебата досега, на која Заев имаше нервозен и недоличен настап, полн со навреди и напади на ниво кое не одговара за поранешен премиер и претендент за иден премиер.

Заев на вчерашната дебата на јавниот сервис најави дека истата е последен телевизиски дуел кој ќе го има со Мицкоски.

Дознаваме дека партиите добиле покани за дебата од телевизиите Сител, Телма и ТВ 21, но поканите за дебари испратени до Заев преку писмо биле одбиени во текот на вчерашниот ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.