Зоран Заев ќе поднесе измени на закон со кој ќе овозможи извоз на канабис за поголем профит на фирмата на својот братучед, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Реакцијата на опозициската партија доаѓа како одговор на изјавата на премиерот дека очекува опозицијата да се отрезни и да го деблокира донесувањето на законот за канабис.
Заев сака да овозможи извоз на непреработена марихуана, а не како до сега на масло за медицински потреби. Државата тоа е Заев, тој како Луј 14 се поставува над целиот систем и продолжува да го брани Рашковски кој цела држава го виде со рацете во медот, во набавка на милионски софтвери.
Заев е тргни застани политичар. Без став и без концепт. Битиќи вели има, Заев вели нема кризен данок. Кој лаже?
Ваквите несериозни испади на власта како кризни даноци и зголемување на даноците преку воведување на прогресивен данок го загрижуваат секој сериозен инвеститор, кои ќе почнат да се иселуваат, а нови нема да доаѓаат. Ќе останат само фабриките со марихуана на семејството Заеви. Со политиките на високи даноци и економска неписменост Заев е на пат да го остави народот без работа и леб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.